Трет ден протести на Ивент индустријата пред Влада

Од:

Претставниците на секторот за организација на настани и денес ги продолжуваат протестите пред Влада од 12 до 15 часот.

Оттаму посочуваат дека досега никој не ги контактирал, ниту пак, велат, некој покажал подготвеност за надминување или решавање на ситуацијата.

– Можеби им се допаѓа музиката која ја пуштаме па сакаат да продолжиме, додаваат во писменото соопштение.

„Инаку, ИВАП е членка на Паневропската Алијанса LiveCom Alliance, во која членуваат речиси сите европски држави, и ќе биде известена за третманот кон оваа значајна општествена гранка. Преку Алијансата нашиот апел ќе стигне до Брисел каде ивент индустријата беше препознаена уште минатата година и соодветно помогната“, се наведува во соопштението на ИВАП.

Би можело да ве интересира

Ивент-индустријата продолжува со протести пред Владата и денеска

Ана Ололовска

ИВАП: Компаниите од индустријата за организација на настани се пред колапс

Ана Ололовска

Ивент индустријата од денес на протести пред Влада

Ана Ололовска

Асоцијација ИВАП бараат средба со Владата и решение за нивната работа најдоцна до 29 март

Ана Ололовска

ВИДЕО: „ПОМЕН – една година тишина“, компаниите за организирање настани протестираа пред Владата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Ивент компаниите в понеделник на собир ќе побараат од Владата да изнајде начин и да им помогне

Ана Ололовска