Tренчевска: Рекорден буџет од 28 милиони евра за реализација на мерките од Оперативниот план за 2022 година

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати денеска ја посетија ИТ компанијата „Маџикс“.

При средбата со младата претприемачка Катерина Здравева и вработените, министерката рече дека стартап компанијата е вистински пример дека владините мерки за самовработување се успешни, бидејќи за двеипол години таа бележи значителни резултати, не само на домашниот туку и на странскиот пазар.

Поради големиот интерес за дигиталните вештини Тренчевска најави дека и со новиот Оперативен план за оваа година Владата и Министерството за труд и социјална политика креираат мерки за вработување во областа на ИТ секторот.

„ Успешната работа на оваа компанија и средбата со вработените ни даваат уште поголем поттик да вложуваме во младите луѓе. И со новиот Оперативен план за 2022 година продолжуваме со активните мерки и програми за вработување, бидејќи покажаа дека со стекнатите вештини граѓаните се враќаат на пазарот на труд како поконкурентни. Следејќи ги веќе стекнатите искуствата, за реализација на новиот Оперативен план за 2022 година одвоивме рекорден буџет кој изнесува 1,73 милjaрди денари (28 милиони евра), што значи повеќе од двесте милиони денари од буџетот за Оперативниот план за минатата година, кој изнесуваше 1,5 милјарди денари“, рече министерката Тренчевска.

Сопственичката на компанијата Здравева посочи дека се задоволни од владината мерка за самовработување бидејќи сега имаат фирма која бележи успех. Најави дека во иднина планира да го зголеми бројот на вработени лица.

За премиерот Димитар Ковачевски ИТ компанијата Маџик претставува гордост за државата, ваквите фирми имаат големо значење не само за сопствениците и вработените, туку и за македонската економија во целост.

Реализацијата на Оперативниот план за 2021 година покажа најголем интерес за мерката „Обуки за развој на дигитални вештини“ во која беа вклучени 400 невработени лица, како и за мерката за самовработување, која имаше 100% реализација.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска