Тренчевска: Ќе има социјален дијалог и за платите во јавната администрација

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Синдикатот на УПОЗ. На средбата се разговараше за покачување на платите на административните работници, исплата на регресот за годишен одмор за 2020 година, за бенефициран стаж на давателите на услуги во центрите за социјална работа, и изнаоѓање на начин за репрезентативноста на Синдикатите во колективното договарање.

„Ние ќе продолжиме да ги решаваме предизвиците. Јавната администрација ја има нашата поддршка, бидејќи само професионална и задоволна јавна администрација е продуктивна. Социјалниот дијалог и социјалното партнерство мора да постојат, затоа прашањето за покачување на платите во администрацијата, ќе го отвориме заедно. Ние ветивме дека ќе го отвориме и прашањето за бодовите во колективните договори“, рече министерката Тренчевска.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ предлагаат покачувањето на платите на административните работници да биде скалесто, бидејќи системот на плати во администрацијата не е поврзан со минималната плата, туку се дел од Законот за административни работници. Во таа насока тие побараа и измени во Законот.

Министерката Тренчевска посочи дека прашањето за покачување на платите во администрацијата ќе го отвори на владина седница, бидејќи стандардот на работниците се приоритет на Владата.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ, сметаат дека вработените во министерствата, агенциите и општините останаа со најмали плати, наспроти покачувањето на платите со колективниот договор во здравството, образованието, културата и во МВР. Тие сметаат дека треба да има скалесто покачување на платите на вработените во државната администрација, бидејќи системот на плати во администрацијата не е поврзан со Законот за минималната плата, затоа што правата и обврските се регулирани со Законот за административни службеници. Затоа предлагаат измени на Законот за административни службеници.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ побараа во иднина да учествуваат во договарањето за колективните договори.

Би можело да ве интересира

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Деановски: Продолжува протестот, 988 вработени немаат земено декемвриска плата

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

Платите на 70 отсто од вработените во Министерство за култура се под просечната, велат од Синдикатот плата во РСМ

УПОЗ и одговори на Владата: Сте не измешале со некој друг синдикат

Катерина Ѓуровски

Синдикатот на вработените во Министерството за европски прашања демантира дека е дел од протестот на УПОЗ

Катерина Ѓуровски