Тренчевска: Дијалогот за минималната плата меѓу засегнатите страни почнува во среда

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претставници на Организацијата на работодавачи денеска одржаа прва работна средба на која главна тема беше барањето на синдикалците за зголемување на минималната плата и важноста од социјалниот дијалог во државата. Министерката Тренчевска информираше дека преку дијалог со работниците и работодавачите ќе бидат изнајдени најсоодветни решенија за утврдување на висината на минималната плата.

„Дијалогот почнува во среда кога ќе го одржиме и првиот состанок на Економско социјалниот совет. Нашиот став е дека преку преговори за минималната плата во кои ќе учествуваат Владата, работодавачите и работниците со факти и аргументи треба да дојдеме до решение кое е добро за сите засегнати страни. На овие состаноци ќе го отвориме и прашањето за промена на критериумите за минималната плата“, рече министерката Тренчевска.

„Претставниците на Организацијата на работодавачи сметаат дека најдобро е дијалогот да започне со разговори за новите критериуми за покачувањето на минималната плата.

Соговорниците се согласија дека сите чинители во преговорите се еднакво важни во дијалогот од кој се очекува да произлезе најдобар одговор на прашањето за минималната плата“, велат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Тренчевска: Зголемување на минималната плата од март е поддржано од работодавачите

СДСМ: Платите растат и во 2024 година, поголема минимална плата од 22.500 денари

Горан Наумовски

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

Орце Костов