Што побрзо да се најде инвеститор за „Фени”, побара денеска Трајче Пејовски, претседател на Здружението на транспортери кои носеа руда за комбинатот кој сега е во стечај.
– Бараме да бидеме примени од банките, вицепремиерот Анѓушев или од стечајниот во „Фени”, чекаме повик денеска, чекаме што ќе кажат од банките, дали ќе влезе некој инвеститор или не за да размислиме што ќе правиме, информира Пејовски.