Транспортерите на ФЕНИ го прифатија предлогот на Еуроникел, вкупните побарувања ќе бидат исплатени

Од:

„Транспортерите на ФЕНИ Индустри го прифатија предлогот од Еуроникел, претставништвото на ГСОЛ за исплата на вкупите побарувања. Со постигнатиот договор се прекинува протестот на Здружението на Киперските транспортери – Кипери Кавадарци и ќе се овозможи непречен и континуиран дотур на материјали во фабриката.

Со тоа, двете страни се обврзуваат на градење заедничка доверба и соработка во интерес на целокупната заедница, вработените во ФЕНИ Индустри, транспортерите во здружението и пошироката јавност.

Вкупните побарувања што Еуроникел, претставништво на ГСОЛ им ги исплаќа на транспортерите се побарувања од фирмата Нова Логистик која скоро е извесно дека оди во стечај и се во вредност од 3.1 милиони евра.

Со овој договор уште еднаш се потврдува дека Еуроникел има интерес да соработува со сите страни, се со цел нормалното функционирање на фабриката од која зависи егзистенцијата на 800 семејства“ се вели во соопштението на Еуроникел, претставништвото на ГСОЛ.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он