ВИДЕО: „Транспаренси Интернешнал“ поднесе кривична пријава за стечајниот управник и стечајната судијка на „Фени Индустри“

Од:

„Транспаренси Интернешнал – Македонија“, откако доби веродостојни информации за постоење на неправилности во стечајната постапка на „Фени Индустри“ АД Кавадарци, одлучи да поднесе кривична пријава против стечајниот управник Мирослав Анастасиевски и стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска за дело злоупотреба на службената положба и овластување.

– Имено, Анастасиевски на 3 јануари 2018 година објавил „Оглас за прибирање на писмени понуди за склучување на договор за преработка на никелова руда“, што содржи недоволно одредени услови врз основа на кои би можел да изврши селекција на понудите и одбирање на најповолната, но содржи услови со кои за одредено правно лице понудувач се создава состојба на предодреденост и му се дава неоправдана предност, објасни претседателката на Организацијата Слаѓана Тасева.

Таа наведе дека потоа врз основа на селективно прифилираниот Оглас е одреден понудувач со кој подоцна е склучен ветен Договор како застапник на „Фени Индустри“ АД Кавадарци.

– Ѓоргиевска, иако согласно Законот за стечај имала обврска да врши надзор над работата на стечајниот управник, постапила спротивно нејзините надлежности и со тоа и таа и Анастасиевски, без при тоа да водат сметка за законските обврски при утврдувањето на идентитетот на втората договорна страна и овозможиле на фирмата „Глобал Спенаш Опортјунитис ЛТД“, регистрирана на Бахамите, да се стекне со нерамноправен Договор што на неа и овозможува значителна имотна корист, а е штетен за стечајниот должник и ги доведува во неповолна положба стечајните доверители, нагласи Тасева.

Директорката на Организацијата посочи и дека добиле претставки во врска со случајот и од „Кунико Ресурси“, компанијата во чија сопственост се уште е „Фени Индустри“. Испратено е писмо до Секретаријатот на „Транспаренси Интернешнал“ во Берлин, како и во канцеларијата во Брисел, каде е наведено дека заменик-претседателот на Владата Кочо Анѓушев, наводно го оркестрирал целиот случај со цел компанијата да заврши кај понудувачот „ГСОЛ“, со што тој ќе успее да го спречи влегувањето на компанијата „Енекод“ во Македонија, а со тоа ќе го заштити и уделот кој на пазарот го има „Енерџи Деливери Солушнс“, компанијата што е во негова сопственост.

Копијата од писмото е испратена до премиерот Зоран Заев, како и до Анѓушев, за кого „Транспаренси Интернешнал“ очекува да се изјасни за наводите.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он