Трамп ги критикуваше Федералните резерви за зголемување на каматните стапки во САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Волстрит џурнал“ го критикикуваше Џером Пауел, раководителот на Федералните резерви на САД, затоа што не е задоволен со работата на оваа служба поради зголемувањето на каматните стапки.

Во големо интервју за весникот објавено синоќа, Трамп посочи дека тој најверојатно ќе зажали што го назначил Пауел на таа функција.

-Секојпат кога правиме нешто големо тој ги зголемува каматните стапки, изјави претседателот. Додаде дека на Пауел едноставно му се допаѓа да ја зголемува каматата и дека можеби ќе зажали што го поставил на таа функција.

Годинава Федералните резерви три пати ги зголемија каматите, доведувајќи ги од 2 до 2.5 отсто.

Пауел од своја страна изјави дека настојува да дојде до некакво „неутрално“ рамниште со што истовремено би ја задржувал но не и забрзувал економијата на САД.

Прашан зошто реководителот на Федералните резерви ги зголемува каматните стапки, Трамп одговори: „Сметавме дека е застапник на ниски стапки но се покажа дека тоа не е така“.

После изјавата на Трамп курсот на доларот падна најниско во последните две недели, додека цените на златото и скапоцените метали пораснаа за 2 проценти, враќајќи се на својот локален максимум.

Во време на владеењето на Барак Обама, како бизнисмен Трамп неколку пати изјави дека поддржува ниски каматни стапки „бидејќи тоа поттикнува заеми за развој на бизнисот“. Кога стана претседател тој ја продолжи таа политика.

Би можело да ве интересира

Кина тивко ги укинува царините за американските чипови

Горан Наумовски

Лавров: Подготвени сме да постигнеме договор со САД за Украина, Трамп е единствениот што разбира

Блумберг: САД ќе бараат Русија да го прифати правото на Украина да има своја армија

Авион се урна во близина на воена база во САД

Трамп бара дозвола од Врховниот суд да спроведе забрана за трансродовите лица да служат во војска

Руте ќе го убедува Трамп да не ја принудува Украина да прифати мировен договор против нејзината волја