„Тојота“ ја прекинува работата во Кина поради коронавирусот

Од:

Производството во фабриките на „Тојота“ во Кина е прекинато најрано до 10 февруари, а причина е опасноста од ширење на коронавирусот.

Работата е прекината во фабриките во градовите Тјенџин и Гуангџоу, каде годишно се произведуваат повеќе од 600.000 автомобили.

Фабриките моментно не работат поради празник. Било планирано да се почне со работа на 3 февруари, но поради ширење на коронавирусот датумот е сменет.

„Тојота“ одлучи да донира во Кина медицински маски и друга опрема за прва помош во вредност од околу 1,4 милиони долари.

Производството во две фабрики за мотори претходно го прекина и „Хонда“.

Би можело да ве интересира

Во Косово граѓаните повикани да носат маски и да се вакцинираат

Ана Ололовска

Зголемен бројот на заразени со Ковид-19 во Грција

А1он

Над пет милиони потврдени случаи на Ковид-19 во Грција од почетокот на пандемијата

Ана Ололовска

За една седмица зголемен бројот на заразени со Ковид-19 во Грција, намалени смртните случаи

Ана Ололовска

Без маски и без тестови започнува учебната година во Грција

Ана Ололовска

Во Албанија потврдено присуство на новата ковид варијанта БА4

Горан Наумовски