ТИРЗ: Во вториот квартал извоз од зоните од 763 милиони евра, раст од 140 проценти на годишно ниво

Од:

Во технолошко индустриските развојни зони, по првиот, и во вториот квартал од годинава е регистрирано највисоко ниво на економска активност во последните четири години, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.

Во вториот квартал годинава, стои во денешната информација од ТИРЗ, извозната активност во индустриските зони достигна 763 милиони евра што е за 140 проценти повеќе од истиот период во 2020, додека во однос на 2018 година порастот е околу 27 проценти. Извозната активност и во јуни годинава е највисока на месечно ниво споредено со изминатите 4 години и достигна ниво од 239 милиони евра, што е за 25 милиони повеќе од истиот месец во 2020 година.

Од ТИРЗ укажуваат дека и во однос на увозот е регистрирано највисоко ниво во однос на истиот квартал во секоја од изминатите четири години. Така увозот во вториот квартал од годинава достигна 799 милиони евра и е дури за 200 проценти повисок од истиот квартал лани, односно за 62 проценти повисок споредено со вториот квартал во 2018. Исто така, месечниот увоз во ТИРЗ во јуни 2021 година го надминува месечниот увоз за истиот месец во изминатите четири години и е на ниво од 225 милиони евра. Споредено со јуни 2020 година, увозот е поголем за 37 милиони евра.

-Поради ваквите активности како и интензивирање на инвестициите на компаниите во нови технологии, покриеноста на увозот со извозот во вториот квартал е 95,5 проценти. Само во јуни, извозот во ТИРЗ е за 12 милиони евра повисок од увозот односно стапката на покриеност достигнува 106,2 проценти, стои во информацијата од ТИРЗ.

Оттаму дополнуваат дека продолжува и растот на новоотворени работни места во компаниите активни во ТИРЗ. Во јуни е регистриран зголемен број на работни места од над 7,12 проценти во однос на истиот месец од 2020 година. Само во однос на минатиот месец мај има пораст од 1,36 проценти односно отворени се речиси 200 нови работни места.

Како што стои во аналзиата на ТИРЗ, се очекува ваквиот тренд да продолжи и во наредните месеци со оглед на интензивните преговори за нови инвестиции од постојни и нови странски и домашни компании. Неодамна беше презентирана новата инвестиција на канадската компанија Магна која од првично најавените 15 милиони евра сега е зголемена на близу 40 милиони евра, со над 1.200 нови работни места.

-Ова е доказ дека новиот, паметен пристап во работењето во ТИРЗ дава конкретни резултати. Креираме нов развоен концепт на македонската економија што се базира на квалитетни инвестиции кои носат добивка и за компаниите, и државата, но и граѓаните, вели во пишана изјава Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Би можело да ве интересира

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

A1on

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред