ТИКА донираше 125 пластеници на земјоделците од штипскиот регион

Од:

Турската агенција Тика денеска донираше 125 пластеници на земјоделците од штипскиот регион. Програмскиот координатор во Република Македонија од агенцијата ТИКА, Теоман Тиријаки вели дека овие пластеници се директна помош за земјоделците кои сакаат да произведуваат органска храна.

– Во источна Македонија вакви пластеници ќе донираме на 500 земјоделци, избрани се 80 села без разлика на нација, верска припадност. Како што видовте овде се фолиите, кои ги содржат сите потребни елементи, целокупната донација е наша и дури до монатажата, а на крајот ќе остане да ги посетиме нашите земјоделци и да видиме што добиле од овие пластеници, вели Тиријаки.

Градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев истакна дека со директната помош од ТИКА и субвенциите кои ги дава Владата на земјоделците од штипскиот регион ќе им се овозможи развој на производството на раноградинарски производи.

Земјоделците се задоволни што како донации ги добија пластениците, бидејќи како што велат им нудат можност за сигурно производство на раноградинарски култури.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници