Тевдовски: По изборите ќе се зајакнуваат капацитетите на државната ревизија

Од:

Ќе направиме се не само кадровски, туку и според стандарди да го развиваме системот на јавна внатрешна финансиска контрола, бидејќи е важен за функционирање на јавните финансии, истакна денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

-Ние сме прва земја во регионот која направи стратегија за развој на јавната внатрешна финансиска контрола, а токму една од главните насоки таму е да се засили тој систем со луѓе. По завршувањето на изборите чекор по чекор ќе работиме на реализација на стратегијата, изјави Тевдовски во одговор на новинарско прашање на паузата на меѓународната конференција ПЕМПАЛ што денеска и утре се одржува во Скопје.

Тој нагласи дека сериозно треба да биде зајакната бројката на внатрешните ревизори во земјава.

-Ревизорските извештаи се важни и ние правиме се да се подобри функционирањето на системот. Мислам дека таквите извештаи и денес може да се разгледуваат на Собрание, но тоа зависи од другите институции во системот, рече Тевдовски.

Во државата моментално работат 90 државни ревизори, кои вршат ревизија во околу 1.100 јавни институции, а согласно стандардите нивниот број е за педесетина помал од потребниот.

Би можело да ве интересира

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

Орце Костов

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

Орце Костов

За десет години изградени помалку од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид за што се потрошени 430 милиони евра, утврди ревизијата на ЈПДП

Орце Костов

Апаратите за магнетна резонанца не се искористени, нема доволно кадар – извештај на ревизорите

Владата го трошела буџетот на одделни институции, долгот зголемен за 567 милиони евра, утврдија ревизорите

Орце Костов