Тесла произведе 2.000 автомобили минатата недела, а Маск се шегува дека банкротирале

Од:

Вредноста на акциите на производителот на електрични автомобили Тесла вратија дел од својата вредност по падот од осум проценти во текот на минатата недела, предизвикан од сообраќајната несреќа во која лице загина возејќи се во самоуправувачка Тесла.

Менаџментот на Тесла испрати порака до вработените во која ги информираше дека компанијата успеала да произведе повеќе од 2.000 возила Модел 3 во текот на минатата недела, што е нов рекорд за Тесла. Ова придонесе да се намалат загубите на Тесла на светските берзи, предизвикани од сообраќајната несреќа.

Притиснат од серијата проблеми во компанијата, во неделата основачот на Тесла Илон Маск направи првоаприска шега, објавувајќи дека компанијата банкротирала.

– Илон беше најден во бессознание, легнат на Тесла Модел 3, празни шишиња Теслакила покрај него, со се уште видливи траги од солзи на неговите образи, напиша милијардерот на својот Твитер профил.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ