Термоелектраната Осломеј повторно е исклучена поради проблеми во делот кој пред извесен период беше зафатен од пожар информира ЕСМ.
– Теромоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен и кој дел подлежеше на санирање. Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа се наведува во соопштението од ЕСМ.
Од таму велат дека Нема да има недостиг на електрична енергија во производството на АД ЕСМ, бидејќи како што наведуваат капацитетите работат според планот и се компензира секое отстапување на одреден капацитет.