Неуспешен обид да се надмине конфликтот меѓу прилепските дуќанџии и УЈП.
Најголем дел од дуќанџиите нездоволни ја напуштиле средбата. Директорот на УЈП не дошол , а присутни биле градоначалникот Марјан Ристески и пратеникот Димитар Стевананџија.
Основни барања на дуќанџиите биле:
-Да се намалат казните по секој основ.
-Да се вратат во сила, законските прописи за казни од 2004 год.
-Да се казнат сите инспектори од УЈП кои изминатиот период некоректно и непрофесионално ја вршеле функцијата.
Градоначалникот рекол дека малку може да стори, а пратеникот Стеванџија рекол дека на писмено ќе ги достави нивните барања до надлежните.
Впечаток на присутните дуќанџии е дека, се нема слух за нивните барања и проблеми, и се плашат дека политиката на огромни казни ќе продолжи !
Средбата поминала тензично, на моменти со викање и пцовки упатени кон функционерите од власта.
Неизвесно е кој ќе биде следниот чекор на прилепските дуќанџии.