Текстилните компании најавуваат масовни отпуштања

Од:

Драстично се намалени нарачките за македонската текстилна индустрија, од 1,3 милиони на 423.000, поради што состојбата во секторот станува алармантна. Компаниите најавуваат масовни отпуштања веќе идниот месец зашто едноставно, велат, нема работа.

Според Кластерот за текстил, кој денеска одржа работен состанок, дополнителен проблем е и нееднаквиот третман на државата кон домашните фирми во споредба со странските инвеститори кои имаат низа поволности. Со субвенционирањето, пак, на земјоделството и туризмот индиректно се испраќа порака дека тоа се гранките на иднината на нашето стопанство.

– Во јуни веројатно ќе бидат отпуштени 1000 до 2000 вработени. Ова се првични најави, од само две до три фирми. Колкава ќе биде вкупната бројка допрва ќе видиме, рече Маријана Перковска, претседател на Кластерот за текстил.

Текстилците се пожалија и на немањето доволно стручни кадри, како и на застарена технологија што, напоменаа, се одразува врз профитот и платите. Тие бараат итна интервенција од надлежните со цел намалување на трендот на опаѓање на производството. Потребна е, порачуваат, стратегија, да се обезбеди продуктивна и квалитетна работа. Сметаат, исто така, дека паузата за појадок/ручек не треба да влегува во ефективното работно време и да се плаќа.

– Чудно е како македонската текстилна индустрија може да извезува, а не може да реализира пласман дома, истакна Владо Нетков од Кластерот.

Неговиот колега Сотир Ампов ги повика малите фирми со 20 до 100 вработени да се обратат до Кластерот заради сублимирање на проблемите и нивно решавање.

Од вкупнот број вработени во индустријата, околу 33 отсто отпаѓаат на текстилот. Оваа гранка според остварени приливи е на второ место, по металургијата. Се проценува дека годишно просечниот бруто девизен прилив од текстилната индустрија достигнува 560 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов