Тече рокот за пријавување за новата поддршка за раст на плати повисоки од минималната

Од:

Тече рокот во кој работодавачите од трудоинтензивните дејности можат да се пријавуват за новата поддршка за раст на плати. Заинтересираните компании може да аплицираат во Управата за јавни приходи, преку системот за Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН), соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Поддршката изнесува 30 отсто од разликата меѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатна во последните три месеци лани, а најмногу до 1.200 денари по работник месечно.

Министерството потсетува дека еден од предвидените услови е фирмата која аплицира за поддршката претходната година да имала трошоци за работење (плати, надоместоци, даноци за плата и надоместоците и придонеси од задолжително социјално осигурување), во износ повисок од 50 отсто од вкупните расходи, а бруто исплатената плата на работникот во месеците октомври, ноември и декември 2017 година, да изнесува до 26.250 денари.

Проверката на исполнетоста на условите за добивање на финансиска поддршка ја прави Управата за јавни приходи, а исплатата на средствата, Министерството за труд и социјална политика.

Обезбедувањето на повисоки плати за работниците, велат од МТСП, е овозможено со последните измени и дополнувања на Законот за минимална плата (објавени во “Сл. весник на РМ” бр. 140/18), каде се утврдени и условите кои треба да ги исполни работодавачот за да ја добие финансиската поддршка.

Поддршката, сметаат од Министерството, позитивно ќе влијае на растот на животниот стандард на работниците и продуктивноста на компаниите.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска