ТЕЦ Осломеј вклучен во електро-енергетскиот систем

Од:

ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа вчера во 17:52ч и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем. Термоелектраната ќе работи според планот за производство и потребите на конзумот информираат од Електрани на Македонија.

Во ТЕЦ Осломеј во претходниот период се вршеа неопходни дополнителни ремонтни активности, особено на млиновите и каналите за јагленова прашина кои се најизложени на влијанието на користењето јаглен од различни наоѓалишта, (делумно од сопствен ископ, делумно набавен јаглен).
Застојот се искористи за санирање и на други помали дефекти воочени на останатите уреди и постројки во претходниот период кога термоелектраната работеше. Целта на зафатите беше да имаме сигурна работа на капацитетот во грејната сезона, бидејки станува збор за термоелектрана изградена пред 42год се наведува во соопштенето од ЕСМ..

Би можело да ве интересира

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер во четири очи во АД ЕСМ, во износ од 1.8 милиони евра

А1он

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

ЕСМ апелира да се обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите

Цевководот на „Беласица“ ќе биде саниран, скопјани ќе имаат парно навреме уверува ЕСМ