Прв ремонт на генераторот во ТЕЦ Неготино од 1978

Од:

ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12.20ч и ја засилува својата снага на производство до постигнување 90MW по котел, известуваат од Електрани на Северна Македонија.

„Во моментот произведува електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување на максимален капацитет е планирано за следната недела, по стабилизирање на системот.

Вкупниот капацитет за производство не ТЕЦ Неготино изнесува 180MW, односно инсталиран капацитет колку што има еден блок на РЕК Битола.

Ремонтните и сервисните активности завршија пред 24 часа, по што се пристапи кон вклучување на електраната.

По изградбата на ТЕЦ Неготино во 1978 година, ова беше прво отворање и големо ремонтирање на генераторот“, се додава во соопштението од ЕСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Горан Наумовски

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов спорведен во Кривичен суд