Талески: Постигната рекордна цена на тутунот, парите кај тутунарите до крајот на годината

Од:

Оваа година е година на рекордни приходи на тутунопроизводителите. Постигната е досега рекордна цена за откупен тутун. Просечната откупна цена за килограм тутун од годинешнава реколта изнесува 285 денари и е за 40 отсто повисока во однос на минатогодишната рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Миле Талески.

– Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, кои се на целата територија на државата.
Откуп на тутун вршат вкупно 10 регистрирани откупни претпријатија на 200 откупни пунктови. До сега се откупени 16.5 милиони килограми од вкупно произведени 25.850 тони и според процените, откупот на тутун се очекува целосно да биде завршен пред Нова Година. На овој начин, за прв пат во историјата сите тутунопроизводители на своите сметки ќе ги добијат парите пред новогодишните празници. Согласно постигнатата рекордно висока откупна цена, значи дека и субвенциите по класи ќе бидат најголеми до сега вели Талески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костовски: Ова се сметките од гозбите на Кочоска и Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукаревска: Поднесуваме закон за покачување на платите до 15.000 денари за 400.000 работници

Горан Наумовски

Шукова: Минимална плата од 500 евра за спас на стандардот на работниците

СДСМ: Кочоска продолжува со навредите кон Петровска и сите жени

Катерина Ѓуровски

Опозициската коалиција ја јакне соработката со нов договор

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски да ја разреши Кочовска за навредите

А1он