Тајван одобри четиригодишен развоен план за зајакнување на економијата

Од:

Тајванската Влада денеска го одобри четиригодишниот развоен план за зајакнување на нејзината улога во глобалните синџири за снабдување и за промоција на економскиот раст, јави ДПА.

Националниот план за развој за периодот 2021-2024 година има за цел просечен годишен економски раст од 3,4 отсто, намалување на невработеноста на 3,5 отсто и кревање на приходот по глава на жител на 30.000 долари до 2024 година.

Премиерот Су Ценг-Чанг изјави дека документот е „клучен стратешки водич“ за реализирање на предизборните ветувања на администрацијата на Демократската напредна партија (ДДП) на претседателката Цаи Инг-ван.

Според Су, политиките прифатени за време на првиот мандат на Цаи, вклучувајќи ги и промовирањето на индустриите темелени на иновации и програмата за енергетска транзиција, веќе ја намалија економската зависност од Кина и помогнаа економијата да излезе од стагнација.

Планот сега ќе ги потенцира стратешките индустрии што „на Тајван ќе му дозволат да игра пресудна улога во глобалните индустриски синџири за снабдување“ и да обезбеди снабдување со критични ресурси, рече Су, пренсен од ДПА.

Планот предвидува шест основни сектори за градење на економското влијание на Тајван, вклучувајќи ги информациите и дигиталните индустрии, безбедноста на информациите, здравството и медицината, одбраната, зелената енергија и обновливите извори на енергија и потрошувачките и стратешките материјали.

Би можело да ве интересира

И покрај тензиите со Кина, во Тајван пристигна уште една американска делегација

А1он

Тајван и САД денеска ќе одржат трговски разговори

Ана Ололовска

Тајван сака да биде дел од Пацифичката трговска група

Ана Ололовска

ВИДЕО: 48 лица вратени во Тајван заедно со доказниот материјал за трговија со луѓе

Жарко Настоски

Претседателски избори на Тајван

Ана Ололовска

Успешен крај на лошата година за тајвански Фокскон

Наум Локоски