Светските богаташи загубиле на берза 21 милијарда долари

Од:

Стоте најбогати луѓе во светот загубиле на берза 21,3 милијарди долари, покажуваат резултатите од последниот извештај на бонитетната агенција „Стандард енд Пурс 500“.

Најголема загуба минатата недела забележал 34-от најбогат човек на светот Карл Икан, чие богатство од 20,4 милијарди долари сега е намалено за 1,3 милијарди. На берзата се „изгорел“ и најбогатиот човек на светот Карлос Слим, кој загубил 700 милиони долари, па сега има „само“ 73,4 милијарди долари.

Вториот на листата со најдлабок џеб на светот Бил Гејтс останал на 66 милијарди долари, и покрај загубите поради лошите перформанси на Мајкрософт.

Сопственикот на шпанска „Зара“, Амансио Ортега и покрај загубата поголема од една милијарда долари, се наоѓа на третото место на најбогатите луѓе на планатева, со богатство од 56,1 милијарда долари.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов