Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата благо порасна

Од:

На азиските берзи цените на акциите пораснаа, најмногу на кинеските пазари, бидејќи тамошните власти најавија нови мерки за стимулирање на растот на втората по големина економија во светот.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 0,6 отсто околу 7 часот наутро, трет ден по ред.

Истовремено, индексот Никеи порасна на берзата во Токио за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија, Хонг Конг и Шангај пораснаа меѓу 0,1 и 2,5 отсто.

Силниот пораст на цените на акциите во Хонг Конг и Шангај беше благодарение на најавата на кинеската централна банка дека ќе го намали коефициентот на задолжителната резерва на банките од февруари за да ја подобри ликвидноста и да го зголеми кредитирањето. На овој начин монетарните власти се обидуваат да ја поддржат економијата која веќе подолго време расте побавно од очекуваното.

И додека кинеските берзи пораснаа, другите пазари во регионот тргуваат повнимателно бидејќи нема многу причини за купување акции. Дотолку повеќе што стивнаа шпекулациите дека централните банки на западните земји би можеле да почнат да ги намалуваат каматните стапки веќе во првиот квартал.

На девизните пазари, пак, падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,26 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,48 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 148,10 на 147,60 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0880 долари, додека вчера во ова време беше 1,0860 долари.

Иако не се очекуваат промени во монетарната политика, фокусот на инвеститорите ќе биде ставен на денешната средба на лидерите на Европската централна банка, бидејќи нивните пораки би можеле да разјаснат кога може да се очекува почетокот на циклусот за намалување на каматните стапки.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава зајакна за 0,47 отсто, на 80,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,57 отсто, на 75,50 долари.
,

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот