Светската банка ќе даде 300 милиони долари за сириските бегалци во Јордан

Од:

Светската банка објави дека ќе даде 300 милиони долари за олеснување на пристапот до пазарот на труд на сириските бегалци во Јордан.

Средставата ќе послужат за привлекување инвеститори во Јордан и за реформирање на пазарот на труд во земјата, со што сириските бегалци ќе добијат поголема достапност до него, се наведува во соопштението од Банката.

– Така повеќе Сиријци ќе добијат работа и ќе можат да придонесат за економскиот раст на Јордан, се наведува во коминикето.

Јордан им даде азил на над 600.000 бегалци, кои избегаа од војната во Сирија, според податоците на ОН, а според Аман во земјата има 1,4 милиони азиланти.

Незадоволни од недостигот на меѓународна помош, Јордан соопшти дека е на граница на своите можности и ја повика меѓународанта заедница да ја сподели одговорноста за бегалците.

Во почетокот на септември ОН откри ужасни услови за живот на околу 70.000 сириски бегалци, блокирани на границата и лишени од хуманитарна помош од јорданските власти по нападот на бомбаш-самоубиец кон крајот на јуни.

Би можело да ве интересира

Светска банка: Постепено зголемување и изедначување на возраста на пензионирање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот

А1он

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ