Светската банка го извади Иран од списокот на лоши плаќачи

Од:

Светската банка го симна Иран од списокот на земјите кои имаат репутација на лоши плаќачи, пренесоа светските агенции.

Ова стана можно откако Техеран почна да ги исплаќа сумите, замени од Светската банка, и поврзани со старите програми за развој.

Во текот на јули одделот на Светската банка, специјализиран за обнова и развој, Иран го стави во категоријата на сомнителни плаќачи, откако Техеран пропушти да плати износи по минувањето на рок за плаќање на кредитите поголем од шест месеци.

Тоа Исламската република ја изложуваше на ризик од финансиски санкции. Таа, освен тоа, немаше да може да аплицира за добивање на нови кредити од Светската банка.

Светската банка, меѓутоа, од 2005 година, де факто, нема програма за помош на Иран заради меѓународните санкции, наметнати на Техеран заради неговата нуклеарна програма.

Засега Светската банка не прецизира колкава сума вратил Техеран. Познато е дека земјата се уште должи 616 милиони долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иран со нова балистичка ракета им се заканува на американските бази

Аракчи: Иран има право да поседува нуклеарно гориво

СДСМ: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Израел: Договорот со Иран мора да вклучува уништување на нуклеарната инфраструктура

Иран: Спречен еден од најголемите сајбер напади врз иранската инфраструктура