Светска банка: Земјите од Западен Балкан со пораст од 2,6 отсто

Од:

Економскиот раст на Западен Балкан оваа година ќе изнесува 2,6 отсто, следната година 3,3 проценти, а во 2019 година 3,6 отсто, се наведува во годишниот извештај на Светска банка.

Во извештајот се наведува дека оваа година Албанија, Косово и Црна Гора забележале значаен раст, благодарејќи на големите проекти финансирани од директни странски инвестиции, но и поголемиот извоз кога станува збор за Косово.

Во Македонија и Србија растот се намалува. Во Македонија политичките превирања значително влијаеле врз потрошувачката и инвестициите, а во Србија, која е најголема економија во регионот, студената зима предизвика намалување на земјоделското производство и градешната активност, се наведува во извештајот на Светска банка.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

СДСМ: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови