Светска банка: Заем од 100 милиони долари за Јордан за отворање нови работни места

Од:

Претседателот на Светска банка Џим Јон Ким информира дека Јордан ќе добие долгорочен бескаматен кредит во износ од 100 милиони долари за отворање на 100.000 работни места за сириските бегалци и за своите граѓани, пренесоа американските медиуми.

Кредитот е дел од напорите на меѓународната заедница да ги подобри условите за живот на бегалците во земјите од  Блискиот исток, вклучувајќи ги Јордан и Либан.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија, во март 2011 година, повеќе од 4,8 милиони Сиријци побегнаа од татковината.

Евтините кредити на Светската банка и другите донатори се меѓу новите инструменти, наменети за финансирање на образованието и отворањето работни места за бегалците во земјите што ги прифатиле.

Џим Јон Ким, кој  со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, се наоѓа во посета на Јордан, вчера изјави дека не знае колку од овие 100.000 работни места ќе бидат за бегалците.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база