Светска банка: Слаб економски раст до крајот на оваа година

Од:

Светската банка очекува слаб економски раст, најмногу продуциран од развиени држави во остатокот од оваа година, јави ДПА.

Во извештај Глобални економски перспективи што се публикува двапати годишно, Светската банка нагласува дека глобалниот економски раст ќе биде 2,2 отсто и ќе биде понизок од јануарската прогноза – 2,4 отсто раст.

Растот ќе го предводат развиените држави кои заедно ќе имаат прогнозиран БДП од 5,1 отсто оваа година, се вели во извештајот.

Ризиците за развиените економии се ослабнати, но ќе имаат раст од само 1,2 отсто оваа година. Високата стапка на невработеност и слабата доверба на потрошувачите и бизнисот го спречуваат растот во тие држави, се потенцира во извештајот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Голем број богати Американци отвораат сметки во швајцарските банки

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

(ВИДЕО) Обезбедувач со голи раце совлада разбојник кој сакаше да ограби банка во Мостар

Светска банка: Постепено зголемување и изедначување на возраста на пензионирање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот

А1он