Светска банка работи од 1993. со сите влади и поддршката за Македонија ќе продолжи

Од:

Светска банка од 1993 година со сите македонски влади работи на подобрување на животот на луѓето преку активна поддршка на реформите за конкурентност на земјата и на другите реформски напори, а поддршката ќе продолжи и низ заедничка работа и дијалог со сите чинители во земјата.

Ова се наведува во соопштение од Канцеларијата на Светска банка во Скопје во врска со вчерашните известувања во медиумите за буџетската поддршка на Република Македонија од Светска Банка.

Голем дел од поддршката, како што се наведува во соопштението,  се и четиринаесетте заеми за буџетска поддршка обезбедени во периодот 1995 – 2012 година што и помогна на земјата да напредува во својата развојна агенда, како во просперитетни, така и во кризни времиња.

– Активната поддршка на Светска Банка на реформската агенда на Република Македонија во последните години придонесе за постигнување важен напредок што се отслика во водечката позиција на Република Македонија во рангирањето на Дуинг Бизнис (23-та во светот), нејзините солидни макроекономски постигнувања и проактивните политики кои и овозможија на Република Македонија да привлече производни странски директни инвестиции дури и во тешки кризни времиња. На Република Македонија треба да и се оддаде признание и за нејзината неодамнешна проактивност во зајакнувањето на управувањето со јавните финансии, вклучувајќи го и расчистувањето на долговите на јавниот сектор, проблем што се појави во повеќето земји во регионот како резултат на тешките фискални притисоци од кризата во Европа. Република Македонија го разрешува овој проблем и воспоставува механизми за да спречи појава на долгови во иднина, се истакнува во соопштението.

Претстојната буџетска поддршка на Светска Банка, како што наведуваат, ги поддржува постојаните реформи што Република Македонија ги прави за зајакнување на конкурентноста на нејзината економија,  за зајакнување на цврстината на управувањето со јавните финансии и за помагање да се ублажи социјалното влијание на повторената нестабилност во еврозоната. Со тоа, сметаат, ќе се даде значителен придонес за обезбедување краткорочно буџетско финансирање под поволни услови додека трае тешкиот период на пазарите во еврозоната и ќе се поддржи подоброто извршување на услугите и обновувањето на растот на среден рок. Стабилниот, заздравувачки раст ќе ги помогне напорите на Владата за мобилизирање на нејзините приходи и ќе ги олесни фискалните притисоци.

– Во овој период, многу земји во еврозоната се соочуваат со тешки фискални притисоци и Република Македонија не е исклучок. Земјата има добра и долга историја на фискалниот менаџмент и Владата покажа фискална мудрост држејќи го буџетскиот дефицит во изминатите неколку години на строго дефинирано ниво од 2,5 процент. Тоа е забележително постигнување имајќи предвид дека Владата одговори со мерки за минимизирање на падот во 2008-2009 година со фискална стимулација и прераспоредување на трошењата кон капитални расходи со кои се поддржува растот. И оваа година се покажа како многу тешка за Република Македонија. Буџетски дефицит од 3,5 процент е прифатлив за Македонија, особено бидејќи земјата во претходните години добро управуваше со своите јавни финансии. Јавниот долг на Република Македонија изнесува 30,4 отсто од БДП, а вкупниот надворешен долг (јавен и приватен) е 63 отсто од БДП што е во прифатливи рамки. Во споредба со другите земји од Западен Балкан, Република Македонија е најмалку задолжена земја, со исклучок на Косово, стои во соопштението.

Од Канцеларијата на Светска банка посочуваат дека и покрај релативно цврстите темели, условите за финансирање за Македонија и за другите земји во регионот остануваат затегнати и неодамна се влошија. – Трошоците за задолжување значително се зголемија во последните месеци. Постојната поддршка на Светска Банка за Македонија е критична за пристап до финансирање со разумни трошоци што и дава значителна предност во однос на директното задолжување на пазарите на капитал, а со тоа и помага да се олесни притисокот на долгот, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он