Светска банка прогнозира 3,6 отсто раст на БДП во Македонија годинава и 3,5 во 2022

Од:

Светската банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто и за наредната 3,5 отсто.

За земјите од регионот Светска банка предвидува раст на БДП годинава во Албанија од 5,1 отсто, БиХ 2,8 отсто, Бугарија 3,3 отсто, Хрватска 5,4 отсто, Косово 3,7 отсто, Црна Гора 6,1 отсто и Србија 3,1 отсто.

Во полугодишниот извештај „Глобал Економик Проспектс“ (Global Economic Prospects) прогнозата за раст на БДП во регионот е 4,4 отсто во Албанија, 3,5 отсто во БиХ, 3,7 во Бугарија, Хрватска 4,2 отсто, Косово 4,9 отсто, Црна Гора 3,9 отсто и Србија 3,4 отсто.

Според Светската банка, растот во земјите од Западниот Балкан се очекува да се забрза до 3,5 отсто во оваа година, во услови на враќање на довербата на потрошувачите и бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија