Светска банка предвидува раст на БДП во Македонија од 1,5 проценти оваа година

Од:

Најновата проекција на Светска банка за растот на македонската економија во 2017 година е 1,5 проценти. Според објавените податоци во извештајот на Светската банка насловен „Миграција и мобилност“, БДП годинава ќе има раст од 1,5 проценти, следната година 3,2 проценти, а во 2019 година 3,9 проценти.

Според Светска банка влијание на ваквите очекувања за раст од 1,5 проценти имала политичката нестабилност во првата половина од годината. Главни двигатели на растот се очекува да биде потрошувачката, поттикната од зголемувањето на вработувањата и инвестициите.

Светска банка очекува буџетскиот дефицит да биде до три проценти од БДП годинава, и дека тој ќе се намали до 2,2 проценти до 2019 година.

Во извештајот е наведено дека економијата во Западен Балкан ќе има раст од 2,8 проценти годинава, 3,2 следната година и 3,5 проценти во 2019 година. Од земјите во регионот највисок раст на БДП е предвиден во Црна Гора 4,2 проценти, потоа Косово 4,1 проценти, Албанија 3,6 отсто, БиХ три проценти, Хрватска 2,9 проценти и Србија 2,3 проценти.

Во наредната година Светска банка предвидува раст на економијата во Косово од 4,1 отсто, а во 2019 година четири отсто, Албанија 3,5 процнети наредната година и во 2019 година, Србија три отсто во 2018 и 3,5 проценти во 2019 година, БиХ 3,2 проценти во 2018 година и 3,5 проценти во 2019 година, Црна Гора 2,8 отсто во 2018 година и 2,5 во 2019 одина и Хрватска со раст на БДП од 2,6 отсто во наредната и 2,8 во 2019 година.

Според априлската проекција на оваа меѓународна финансиска институција растот на БДП во Македонија требаше да изнесува 2,8 отсто.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија