Светска банка помага за надминување на последиците од Ковид-19

Од:

Светска банка го одобри првичниот глобален пакет од 1,9 милијарди американски долари за надминување на кризата предизвикана од пандемија на вирусот што 25 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и оние во Европа и Централна Азија, ќе можат да го примат и користат по итна постапка.

Покрај тоа, како што одлучи Одборот на директори на Светска банка, неколку земји добиваат поддршка од главниот глобален кредитор преку други средства за финансирање, вклучително и предвремено повлекување или реструктуирање на постојни проекти и кредити.

„Земјите ширум Европа и Централна Азија, како и во другите делови на светот, се соочуваат со вонредна здравствена ситуација што има непосредни социјални и економски импликации и каква не е видена во скоро минато“, рече потпретседателот на Светската банка за Европа и Централна Азија, Кирил Милер.

Според Банката, повеќе од десет земји ширум Европа и Централна Азија моментално разговараат за проекти со Светската банка за ублажување и решавање на последиците од пандемијата со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Светска банка: Постепено зголемување и изедначување на возраста на пензионирање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот

А1он

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА