Светска Банка: На земјите од Западен Балкан ќе им бидат потребни шест децении за да го достигнат приходот од членките на ЕУ

Од:

Во најновиот извештај на Светска Банка се вели дека ќе бидат потребни шест децении за нивоата на прихот во земјите од Западен Балкан да ги достигант оние од ЕУ, ако економиите продолжат со просечниот раст постигнат меѓу 1995 и 2015 година.

Извештајот разгледува како шесте земји на Западен Балкан може да го забразаат економскиот раст и да постигнат побрза конвергенција на приходите со ЕУ.

– Во изминатите години, земјите од Западен Балкан направија напори во реформи на јавните финансии и поттикнување на економскиот раст, но можеби граѓаните се уште не ги почувствувале бенефитите од овој прогрес, рече Линда Ван Гелдер, директор за Западен Балкан при Светска банка и додаде дека фокусот на структурни реформи може да го забрза економскиот раст и зајакне приходите, така што нивото на приходи ќе го достигне она на Европската унија.

Со постигнување на макроекономска стабилност и вистински реформи, за да се овозможи просечно ниво на раст од пет отсто годишно, земјите од Западен Балкан би ги стигнале тие од ЕУ за две децениии, наместо за шест.

Земјите од Западен Балкан забележуваа просечен раст од 5-6 отсто пред 2008 година, што беше побрз од оној во Европа, но тој се преполови по глобалната финансиска криза, зо што дојде до забавување на приближувањето на животниот стандард на регионов кон оној од ЕУ.

– Растот кој го гледаме во регионот во годините пред глобалната финансиска криза е доказ за севкупниот економски потенцијал на Западен Балкан, рече Харалд Ваиглеин, генерален директор на одделот за економски политики, финасиски пазари и царини при Министерството за финансии на Австрија, кој даде воведен говор за време на денешната објава на извештајот.

Тој смета дека клучни се политиките што ќе поттикнат инвестиции во приватниот сектор и ќе помогнат во продлабочување на регионалната интеграција, како и ќе отворат нови работни места.

Стапката на невработеност во регионот е два пати повисока од онаа во малите економии кои сега се дел од ЕУ. Тоа значи дека е потребно зголемување на партиципацијата на пазаруд на труд во регионот. Според извештајот, тоа може да се направи со решавање на дестимулациите за работа и отстранување на бариерите до вработување со кои се соочуваат невработените.

Би можело да ве интересира

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”