Сугаревски од Кратово: Со унапредување на инфраструктурата, добиваме повеќе инвестиции, пари и економски раст

Од:

Претседателот на надзорниот одбор на СДСМ Горан Сугаревски, во попладневните часови на вчерашниот ден, беше во посета на Кратово, на средби со граѓани и поддржувачи на партијата. Сугаревски зборуваше за досегашните реализирани проекти и мерките кои се планирани за следниот период.

„Владата на Република Македонија предводена од СДСМ е исклучително посветена на инвестирање во инфраструктурата. Се санираа штетите од измислените, погрешни и нереални проекти наследени од минатата власт. Се доведоа до реалност и изводливост. Се грижиме за нашите граѓаните и градиме по план, одговорно и домаќински. Нема веќе провизии и криминални проекти. Започнавме со инвестиции за изградба на нови 800 километри брзи и безбедни патишта на над 60 патни правци во вредност од 270 милиони евра. Тука е и реализацијата на над 30 проекти во делот на комуналната инфраструктура, водоводи, канализации. Сето тоа влијае на подобрување на условите за живот на граѓаните. Дополнително, создава добра клима за раст и во делот на нискоградбата, а со тоа и враќање на градежништвото со посакуваниот раст, што пак ќе доведе до севкупен економски раст“, рече Сугарески.

Квалитетно изградената патна инфраструктура, додаде Сугарески, значи слободен проток на стоки, услуги и транспорт на патници, а воедно е и важен предуслов за зголемена трговска размена на државата со странство и истовремено е основа за привлекување нови странски и домашни инвестиции.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките коишто обезбедуваат унапредување на инфраструктурата, повеќе инвестиции, повеќе пари и севкупен економски раст и развој.

Би можело да ве интересира

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Кратово

ОЈО: Маж од Кратово ја тепал и ја давел сопругата, таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко

Горан Наумовски

МВР со детали за жената која ги избоде мажот и свекорот во Кратово

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on