Тројца повредени во сообраќајка во близина на Кратово

Од:

МВР извести дека вчера во 12 часот во полициската станица во Кратово е пријавено дека на магистралниот пат А-2 крај кратовското село Страцин, на место викано „Поповски рид“ возило „фолксваген поло“ управувано од Б.С.(59) од кратовското село Туралево, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.А.(33) од Кратово, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото и малолетна сопатничка од Кратово, констатирани во Градската општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он