Сугарески: Средствата за гасоводот што нема да се искористат, ќе се пренаменат

Од:

Средствата планирани за изградба на гасоводот што нема да бидат искористени до крајот на годината, ќе се пренаменат за реализација на други проекти, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Планираните средства во Буџетот за оваа намена изнесуваа две милијарди денари.

– Се што сметаме дека може да се потроши до крајот на годината ќе остане во Буџетот и ќе се трошат тие пари во реализација на капиталните инвестиции. Се останато, ако се процени дека дел од тие средства може да се потрошат во други ставки, ќе може да се префрлат, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање дали парите наменети за гасоводот ќе се пренаменат бидејќи има застој во изградбата.

Пред денешното одбележување на 69-годишнината од основањето на Градежниот факултет, Сугарески најави дека евентуално би се крателе средства во делот на ПУИГ бидејќи имаат непотрошени средства од лани.

Комплетно се реализирани средствата во делот на железницата и средствата наменети за водоводна и канализациска мрежа.

Во однос на изградбата на автопатот Кичево-Охрид и преговорите со кинеската компанија „Синохидро“ која го гради овој автопат, денеска беше повторено дека се заштедени средства, односно оти се намалените цените од првичните кои ги бараше кинеската компанија.

– Во моментов сме вклучени во преговорите со кинеската компанија „Синохидро“ околу намалување на цените. Почетната цена која Кинезите ја бараа беше 150 милиони, но дојдовме до бројка од 125 милиони и успеавме да заштедиме пари, изјави Дарко Мославац, декан на Градежниот факултет во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во регионот Курск, оштетен e гасоводот кон Европа

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

A1on