Сугарески-Мантованели: Ќе продолжи соработката со Светска банка за инфраструктурни проекти

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески се сретна со директорот на Канцеларијата на Светска банка во Република Македонија Марко Мантованели.

На средбата, соопшти Министерството за транспорт и врски, се разговарало за поддршката во делот на инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Македонија, а кои се поддржани од Светска банка.

Министерот Сугарески се заблагодарил за досегашната соработка и изразил целосна подготвеност за продолжување на таквата соработка меѓу Владата на Република Македонија и оваа меѓународна финансиска институција.

– Голема е поддршката што ја овозможува Светска банка за реализација на дел од инфраструктурните проекти што се од огромно значење за развој на патната мрежа во Република Македонија. Имаме интерес таа соработка да продолжи и во наредниот период, рече министерот Сугарески.

И двајцата соговорници изразиле задоволство од одржаната средба и се согласиле на продлабочување на соработката, посебно во делот на поддршка во реализација на новите инфраструктурни проекти во државата.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан