Сугарески: До крајот на месецов тендер за нискобуџетски авиокомпании

Од:

До крајот на месецов се очекува да биде распишан тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека субвенционирањето продолжува и оти заложбата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром.

– Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани што значи дека продолжуваме со субвенцирање на нискобуџетските компании со насочување кон Охридскиот аеродром, истакна Сугарески.

Тој не сакаше да открие повеќе детали околу критериумите во тендерот, но се очекува да бидат направени подобрувања на моделот за субвенционирање.

Овој месец истекува договорот за субвенционирање потпишан со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“.

Би можело да ве интересира

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД