Судниот ден за еврото – 12. септември

Од:

Еден од најважните датуми, судниот ден за еврото би можел да биде 12. септември 2012 година затоа што тогаш осум германски уставни судии ќе одлучуваат дали претседателот Јоаким Гаук треба да го усвои Законот за воспоставување на клучните ресурси за борба против должничката криза во еврозоната.

Со двотретинско мнозинство, германскиот парламент кон крајот на јуни ги усвои Европскиот механизам за стабилизација (ЕМС) и Европскиот фискален пакт (ЕФП).

Но, Гаук го одложи процесот на ратификација, бидејќи се спротиставија неколку опозициски партии. Тие тврдат дека за ЕМС и ЕФП треба да бидат потрошени вкупно 500 милијарди евра незаконски, спротивно на Уставот на Германија.

Со тоа европската економија би ја изложила Германија и нејзините јавни финансии на неограничен ризик. Покрај тоа, критичарите тврдат дека ЕСМ крши клаузула од Договорот во Мастрихт, според која не смее да се додели овој пакет помош.

ЕСМ, кој ќе го замени привремениот фонд за европска финансиска стабилност, требаше да започне да функционира од први јули, но за неговата нормална „работа“ беа потребни парите од Германија. Затоа и неговиот опстанок зависи од одлуката на германските судии.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он