Струјата поскапа за 9,83%, парното за 3,75%

Од:

Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвителна седница донесе предлог одлука крајната цена на струјата да биде повисока за 9,83 отсто, а на парното за 3,13 односно за 3,75 отсто.

3,76 % од поскапувањето ќе оди за “ЕЛЕМ“, а останатото за “ЕВН Македонија“.

Како причини за оваа мерка се посочува неликвидноста со која се соочува “ЕВН Македонија“ .

Енергетските компании се незадоволни од висината на покачувањата. ЕВН барала покаќување од 19,78%, а ЕЛЕМ, 7,16%, а Топлификација барача покачувања од цели 36,45 отсто.

До крајов на месецов треба да биде донесен и правилникот за топлинска енергија според кој корисниците кои што се исклучиле од системот ќе треба да плаќат 10 отсто од месечната цена од вообичаената цена за греење во колективните згради.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН поради грабежот на граѓаните

Левица: ЕВН легално ги краде граѓаните преку сметките за струја

Предраг Петровиќ

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја