Струјата нема да поскапи, а може и да се намали уверува Бектеши

Од:

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска увери дека граѓаните нема да плаќаат поскапа струја.

„Во текот на јуни ќе седнеме и ќе разговараме за новиот модел. Јас можам од денеска да им кажам на граѓаните дека нема да плаќаат поскапа струја. Кој ќе биде моделот, сите заеднички ќе го формираме во склоп на енергетскиот совет. Граѓаните нема да плаќаат поголема цена од постоечката од 1-ви јули до крајот на годината, вели Бектеши.

Бектеши најави дека дури е можно и намалување на цената на струјата.

„ Ние имаме механизми со кои можеме да им излеземе во пресрет на граѓаните и ако зборуваме за само тие 8 посто, јас од денес гарантирам дека тие ќе бидат намалени ако треба во други параметри на утврдување на цена на електричната енергија. Но тоа незначи дека само 8 посто ќе се намалат, може и повеќе од 8 посто и денес јавно кажувам дека граѓаните нема да плаќаат повисока сметки од ова што било претходно, напротив ќе плаќаат помалку  од тоа што моментално го имаме.

Бектеши информираше дека веќе се направени некој анализи и откако ќе ги разгледаат ќе ја информираат јавноста, но потенцира дека целта на Владата е граѓаните да немаат поголеми трошоци за струја и за други реагенси со кој треба да ја поминат идната зима, а за кои институциите треба од сега да се подготват.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите