Стопанската комора на Северна Македонија: Добра е одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност

Од:

Стопанската комора на Северна Македонија ја поздрави одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност, со што, како што наведуваат, се потврдила исправноста на аргументите што бизнис-заедницата ги изнесувала во изминатиот период.

– Од самиот почеток, Комората доследно укажуваше дека ваквото законско решение, особено со неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година, сериозно ја загрозува правната сигурност и предвидливоста на деловниот амбиент. Одлуката на Уставниот суд ја потврдува исправноста на ставот дека селективното и ретроактивно оданочување не е соодветен механизам за економско регулирање и испраќа важна порака за почитување на правната сигурност, која е клучен предуслов за економски раст и за привлекување на нови инвестиции, се наведува во соопштението од Комората.

Како најголема бизнис-асоцијација во земјата, се вели во соопштението, Комората настапила институционално преку формални дописи, аргументации и правни механизми, а иницијативата била поддржана од Управниот одбор, Надзорниот одбор, Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и други бизнис-асоцијации.

– Очекуваме во иднина секоја даночна политика да биде темелно анализирана и креирана во консултација со бизнис-заедницата, со цел да се избегнат негативни ефекти врз економијата. Стопанската комора останува посветена на транспарентен дијалог со институциите за создавање на одржливи економски политики што ќе го поттикнат растот и развојот на стопанството, велат од Стопанска комора на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ за одлуката на Уставниот суд: Албанските претставници во оваа влада, наместо да протестираат, тие молчат

Горан Наумовски

Уставен суд ја укина Одлуката со која е одобрено основање на Приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова: Ако сакаме промени, Уставниот суд мора да се одважи и посегне по својата надлежност

Горан Наумовски

Рокас: Зајакнувањето на Уставот не е само формално барање за членство во ЕУ, тоа е стратешка инвестиција во фер пристапот, во владеењето на правото

Костадиновски: Уставниот суд предолго време e инертен

Уставен суд го одби барањето на Апасиев против Џафери

Катерина Ѓуровски