Стопанската комора на Македонија со препораки за унапредување на системот за јавни приходи

Од:

Системот на сите јавни приходи во Македонија да биде строго уреден и секогаш под клучен надзор од Министерството за финансии. Потребна е реформа на комплетната законска и подзаконска регулатива која е поврзана со неданочни и парафискални давачки и да не може да се воведе ниту една дополнителна давачка без согласност од Министерството за финансии или мислење доколку се работи за одлуки на Владата.

Тоа се дел од препораките на Стопанската комора на Македонија и нејзините членки изготвени врз основа на спроведено истражување на тема „Неданочните и парафискални давачки како оптоварување на правните субјекти во Република Македонија” што го презентираше денеска на прес-конференција оперативниот директор на комората Анета Трајковска.

Според истражувањето, даночниот систем во Македонија оставил неограничен простор со разни секторски закони, подзаконски акти, локални одлуки, одлуки на управни одбори на агенции или одбори на јавните претпријатија, да се воведуваат разни давачки кои тешко се контролираат, па Министерството за финансии не може да има комплетна слика и некој вид контрола врз овој систем во нашата земја.

Резултатите од истражувањето упатуваат на отсуство на транспарентност во процесот на воведување одредени давачки и нивни промени.

Како што рече Трајковска, една од клучните констатации е зголемување на бројот на неданочни и парафискални давачки во последниве години во Македонија, а причините за ваквата состојба се бројни, но во суштина се сведуваат на потребата на јавните институции да обезбедат средства, не водејќи сметка за нивното негативно влијание врз конкурентноста и деловната клима.

– Сублимирано во период од 2008 година до 2016 година е воведено 84 нови давачки кои се уплатуваат на буџетската сметка (18 видови давачки што се вклучени во т.н. други даноци, 41 вид неданочни давачки и 25 нови глоби) со што е постигнато дополнително оптоварување на правните и физичките лица на годишно ниво во износ околу 20 милиони евра.

– Согласно анализите и истражувањата од спроведената анкета потврдено е веќе претходно изнесеното, односно од година во година значително расте оптоварувањето на компаниите со неданочни и парафискални давачки, како што расте и бројот на ново воспоставените давачки и промената во висината на тие давачки. Имено, се потврди фактот дека ефективното оптоварување на стопанството е поголемо отколку што може тоа да се заклучи само врз основа на постојните даночни давачки, рече Трајковска.

Таа истакна дека Стопанската комора на Македонија и компаниите членки се подготвени да се вклучат во процесот на реформа на системот на јавни приходи и да дадат активен придонес во сите активности.

Според препораките, неопходно е сите досегашни сопствени приходи на државните органи, органите на управата и локалните самоуправи, агенции, дирекции, бироа и сл., да станат приходи на буџетот т.е. сите тие ентитети да се воведат во системот на буџетот. Неопходно е да се спроведе прецизна класификација и разврстување на сите фискални форми кој постојат во даночниот систем и како даноци можат да се наречат само тие давачки кои имаат карактер на даноци, но не и надоместоците, таксите за одредени добра и услуги.

Разграничувањето и класификацијата предлагаат да ги спроведе Министерството за финансии во најкраток рок кое заедно со Коморите, деловните банки, НБРМ, ЛС и претставници од реалниот сектор треба да почне постапка за воспоставување регистар на неданочни давачки кои постојат во Македонија

Врз основа на направениот Регистар да се почне со соодветни анализи и донесат соодветни првични предлог решенија, а би се однесувале на оправданоста и целисходноста од постоење и воведување одредени надоместоци и давачки, односно нивно укинување, бидејќи одредени давачки и сега покажуваат дека не поседуваат фискален капацитет т.е. не остваруваат значаен фискален приход, а претставуваат значаен трошок, како за државната администрација која го утврдува и наплатува, така и за обврзниците кои ги плаќаат, интегрирање на одредени слични давачки, изедначување на висините на давачките за исти и слични видови на административни или други услуги.

Би можело да ве интересира

Има интерес за инвестиции во електрани на обновливи извори, државата да создаде услови за реализација

Ана Ололовска

Стопанската комора бара веднаш да продолжи соработката со новата Влада

Ана Ололовска

КИФ со заеднички иницијативи за борба против корона кризата

Ана Ололовска

Јовановски: Се зголемува поддршката од компаниите за пошироката заедница

А1он

Деведесет и осум години СКМ, определба на бизнисот е извозот, регионалната соработка, инвестициите и одржливиот раст

Ана Ололовска

Попривлечни работни места како еден од условите да се спречи одливот на квалификуван кадар

Ана Ололовска