Со генерално собрание на Асоцијацијата на балкански комори (АБК), доделување награди за најуспешните и потпишување договор за соработка со Унијата на комори и стокови берзи на Турција за основање Македонско-турски работен комитет за унапредување на економската соработка и интензивирање на трговската размена меѓу двете земји, Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје одбележа 93 години од коморското работење.
– Коморскиот систем во светот 400 години успеал да одолее на сите притисоци и закани што постојат, а Стопанската комора на Македонија континуирано опстојува 93 години и ги разрешува големиот број на прашања што секојдневно се наметнуваат пред нејзе и пред интересите на нејзините членки. Годинава Стопанската комора е претседавач со АБК, институција која на денешното генерално собрание во Скопје донесе одлука во наредниот период приоритет да се даде на забрзувањето на протокот на стоките и услугите на коридорите 8 и 10 кои интензивно се градат. Тоа е многу значајно бидејќи понекогаш може да биде многу посериозна пречка отколку нивното неизградување, рече претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во своето обраќање.
Тој посочи дека токму Стопанската комора ќе биде седиште на двата конзорциума кои во наредните години ќе работат на подобрувањето на протокот на стоки и услуги на коридорите 8 и 10 како клучни во овој регион.