Стопанска комора: Позитивен тренд во текстилната индустрија

Од:

Се подобруваат состојбите во текстилната индустрија, соопшти денеска Стопанската комора на Македонија. Извозот е зголемен за осум отсто и во првите шест месеци достигна 337 милиони долари наспроти евидентираните 310 милиони истиот период лани. Увозот, пак, е 255 милиони долари и е на речиси исто ниво како во 2012-та.

– Овој позитивен тренд што го покажуваат и резултатите од зголемувањето на извозот, е пред се и делумно од заживувањето на економијата во ЕУ, како и од зголемувањето на цената на готовите производи, рече Сашо Деспотовски од Комората на прес-конференција.
Проекциите за производството во наредниот период, за колекцијата пролет-лето 2014, најмногу ќе зависат, нагласи Деспотовски, од склучувањето на договорите со странските партнери кон крајот на идниот месец.

Стопанската комора уште еднаш апелира на потребата од интензивна соработка меѓу науката, државата и бизнисот за зголемување на иновативноста што е, беше речено, чекор напред кон ЕУ. Компаниите членки остануваат на ставот дека е неопходна поддршка од државата особено за автоматизација и модернизација за производството.

– За да бидеме поконкурентни мора да добиеме поддршка од државата преку поволни кредити или гарантни фондови. Така ќе го подобриме квалитетот и ќе ја зголемиме конкуренцијата, напомена Деспотовски според кој, Македонија во однос на опкружувањето има помала продукција што е разултат на ниската автоматизација.

За една година, како што информира Стопанската комора, може да се очекуваат и првите акредитирани анализи на текстилните производи во лабораторијата на Технолошко-металуршкиот факултет која е веќе опремена.

– Лабораторијата ќе овозможи повеќе видови услуги, проверка на квалитетот на производите и на рекламациите на купувачите, испитување на физичко-хемиските својства на текстилните материјали, нивната постојаност, бојата и степенот на белина, карактеризација на суровините,…, истакна Јадранка Аризанковска од Комората.

Досега испитувањата се вршеа во странство и беа многу поскапи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница