Сточарите ги пустат фармите

Од:

Одгледувачите на свињи ги продаваат грлата бидејќи не можат да ја издржат високата цената на пченката и сојата. Од лани цената на добиточната храна е за 30% повисока а цената на месото е иста.

„Во производната цена на килограм месо храната учествува со 75%, а останатото е струјата и други давачки. Со оглед на тоа дека сите други давачки се многу поскапени, нема шанси да ги чувам свињите, не се исплати и секој ден сме во поголеми загуби. Месечно за мојата фарма трошоците ми се зголемени за 5.000 до 6.000 евра и само се мислам како ќе се раздолжам кај оние од каде земам храна на вересија. Се плашам дека ќе ни се повтори 2008 година кога поради високата цена на добиточната храна 30% од помалите фарми затворија“, вели сточар од Штипско.

Енормното зголемување на пченката и сојата го чувстсвуваат и производителите на јајца кои апелираат дека едвај издржуваат и дека најтешкото допрва доаѓа.

„Соиното ќуспе има рекордно висока цена што не се памети, од 47 денари за килограм, а 2005 година цената беше 17,60 денари за килограм. Исто така поради сушата цената на пченката достигна 17,50 денари, а неа во 2005 година ја плаќавме по 6 денари за килограм. Во меѓувреме и струјата се покачи, а цената на јајцето во малопродажба остана иста. Како сега да опстанеме со овие цени, како да издржиме да не ги затвориме фармите“, се прашуваат живинарите.

Производителите на јајца како единствен спас од кризата бараат да го добијат извозничкиот број за извоз во ЕУ каде цената на јајцето во малопродажба е 12 денари. Инаку само со цена на јајце од 8 денари на домашен пазар ќе можат некако да опстанат и да не се уништи и овој агробизнис, како што лани се уништи бројлерското производство

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар