Стечајниот управник на Фени реагира: Тасева изнесе паушални информации кои служат за дефокусирање

Од:

„Во однос на одржаната прес конференција на Слаѓана Тасева, сакам да ја информирам јавноста дека повторно беа изнесени паушални информации кои служат единствено за дефокусирање од фактичката состојба.

Ваквите постапки се директно мешање и медиумски притисок на водењето на стечајната постапка.

Планот за реорганизација е доставен во законски предвидениот рок, а стечајниот судија треба да постапи согласно Член 235 од Законот за стечај.

Јас како стечаен управник сум должен согласно член 225 да се изјаснам по поднесениот план за реорганизација. Слаѓана Тасева кога веќе го цитира моето изјаснување по поднесениот план за реорганизација, требала тоа да го направи во целост, а не да си зема за право да манипулира со текстот со пренесување на селективни и делумни информации со цел да ја испревртува вистината“ реагира стечајниот управник, Мирослав Анастасиевски.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он