Ставрески: Владините политики за странски инвестиции даваат резултати

Од:

Од  јули 2006 година  заклучно со јули  годинава во Македонија се влезени вкупно милијарда и 800 милиони   евра странски инвестиции, што  е за цела милијарда евра повеќе отколку  во претходниот десетгодишен период кога сегашната опозиција ги креираше економските политики.

Тоа го изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески  коментирајќи ги најновите податоци за странските инвестиции во Македонија во јули годинава во износ од 30 милиони евра и од почетокот на годинава од 130 милиони евра.

Според Ставрески, податоците за нивото на странските инвестиции во Македонија се само потврда  дека политиката за привлекување  странски инвстиции на Владата дава резултати.

– Задоволни сме што и  оваа година за седум месеци имаме над 130 милиони евра  странски инвестции, што  е повеќе отколку целата мината  година, но и кумулативно  бидејќи привлекувањето странски инвестции е процес и треба да го гледаме во временски период од четири-пет години.  За илустрација, од  јули 2006 година  заклучно со јули  годинава во Македонија се влезени вкупно милијарда и 800 милиони   евра странски инвестиции, што  е за цела милијарда повеќе отколку  во претходниот десетгодишен период кога сегашната опозиција ги  креираше економските политики, рече Ставрески.

Тоа, додаде, потврдува дека Владата е успешна  во реализација на предвидената цел, односно да донесе повеќе странски компании  и глобални имиња и брендови,  коишто ќе помогнат за зголемување на извозот, на економскиот раст  и вработеноста.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов