Ставрески: Странските инвестиции отворија 11.000 работни места и извоз од милијарда евра

Од:

Влегувањето на странските инвестиции во Македонија, кои се значаен генератор на економскиот раст и вработеноста, се покажа како исправна политика. Во компаниите се креирани 11.000 работни места, а извозот во првите 10 месеци достигна 950 милиони евра и овој месец очекуваме да ја надмине цифрата од една милијарда евра извоз од овие компании.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција оценувајќи дека ова е фантастичен резултат и можност да извезува македонската економија и тогаш кога во Европа и останатите земји во светот екстерната побарувачка не е на високо ниво.

– Тоа значи дека долгорочно гледано се подобри структурата на македонската економија  и можноста да извезува производи со повисока технолошка вредност и да извезува и тогаш кога надворешните услови не се најдобри, рече министерот Ставрески.

Тој очекува со реализацијата на останатите инвестиции што се најавени во зоните, како американските на минатонеделната презентација во САД и други, да дојде до натамошно зголемување на производството и креирање нови работни места со цел намалување на невработеноста која, како што рече, е на историски најниско ниво од 28,2 проценти. Но, сепак, смета дека се уште е на високо и треба да се прават напори и понатаму да се отвораат нови фабрики и нови работни места.

Според Ставрески, има потенцијал и за зголемување на интегрираноста на домашните фирми во ланецот на добавувачите на странски фирми. Најави дека ќе се анализираат мерки и активности кои треба да се преземат за да може домашните компании да се вклучат во ланецот на добавувачи на странски фирми.

Меѓу мерките е зајакнување на претприемничката култура, капацитетот на кадрите на менаџерските тимови, подобрување на стандардизацијата на производите и слично.

Ова, според министерот Ставрески, ќе помогне на домашните фирми на долг рок да можат да извезуваат и сами.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов