Ставрески: Очекуваме повеќе вработувања, инвестиции и извоз од ТИРЗ

Од:

Во технолошко-индустриските развојни зони се очекуваат зголемен број вработувања, нови инвестиции и поголем извоз кој сега изнесува 700 милиони евра и претставува 20 проценти од вкупниот извоз на државата.

Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на официјалното отворање на експозитурата на Охридска банка во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик.

– Концептот на Владата за привлекување странски инвестиции дава се повеќе резултати. Само во зоните Скопје 1 и Скопје 2 имаме 1.350 вработени, а во зоната во Штип 750 вработувања.

Дополнително очекуваме да има нови вработувања и да се зголемува извозот иако и сегашните 700 милиони евра извоз на компаниите кои работат во ТИРЗ е огромна бројка и веќе претставува над 20 проценти од вкупниот извоз на Република Македонија, потенцира Ставрески.

Според него, со отворањето на експозитурата на Охридска банка ќе им станат подостапни банкарските услуги на компаниите од Бунарџик, а истовремено ќе и се даде и поголема атрактивност на зоната.

– Бунарџик претставува модерно опремена зона која им ги нуди сите потребни услуги на инвеститорите. Не сакам да посетувам на лицемерните споредби и злонамерните коментари за тоа дека Бунарџик ќе претставува една зелена ливада. Би било добро тие денеска да се тука и да ги видат глобалните големи фирми како Џонсон контролс, Џонсон Мети, Кемет електроникс, Технокозе и да го видат целокупниот резултат на напорите на Владата и нашата посветеност да се привлечат странски инвестиции и да се создадат услови за нивно работење во зоната, рече Ставрески.

Директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо истакна дека отворањето на експозитурата на Охридска банка во зоната во Скопје е приближување на банкарските услуги до компаниите.

– Во администативната зграда е обезбеден простор од 51 квадратен метар за сместување на експозитурата со што на корисниците ќе им се овозможи побрз пристап до потребните банкарски услуги, посочи МИзо, додавајќи дека ќе продолжат да работат на изградбата и развојот на зоните и унапредувањето на услугите што се нудат во овие зони.

Директорката на Охридска банка, Јитка Патчукова посочи дека се работи за значајна инвестиција не само на банката, туку и за компаниите во Бунарџик затоа што со отворањето на експозитурата значително ќе бидат олеснати банкарските трансакции.
Од предвидените 15 ТИРЗ, досега се отворени девет од кои функционални се зоните Скопје 1 и Скопје 2 и зоната во Штип.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов